Благој Веселинов е еден од десетте добитници на наградата „Shooting Stars“, која ја доделува Берлинскиот филмски фестивал. Признанието се доделува веќе 22 години и секоја година се претставени десет млади актери од Европа. Веселинов ќе го добие своето признание за време на фестивалот, кој годинава ќе трае од 8 до 11 февруари.
Веселинов ги освоил со неговата „длабока и неочекувана чувствителност“ во наградуваниот филм „Исцелител“ („Secret Ingredient“).
Меѓу останатите добитници има актери и од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.