ЛОНДОН (АА) – Според поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, ќе бидат тешки преговорите на Британија за излез од Европската Унија (Брегзит). Тој препорача во периодот на излегувањето на Британија од ЕУ да се држат отворени сите опции, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за „Радио 4“ на „Би-би-си“, во врска со Брегзит, Блер го дефинираше резултатот од референдумот на 23 јуни како катастрофа.
Тој рече дека ја почитува одлуката на граѓаните, но според него, не треба да се игнорира ставот на 16 милиони граѓани кои на референдумот гласаа Британија да остане во Европската Унија. „Нема никаква причина да се затвораме. На референдумот, земјата донесе една одлука. Но сѐ додека граѓаните не ја видат реалноста и не ги сменат своите идеи, не постои можност да се промени оваа одлука“, рече Тони Блер.
Тони Блер во врска со официјалните проговори за излез на Британија од ЕУ, особено значење им придаде на прашањата околу слободното движење и пристапот до единствениот пазар. „(За одлуката за излез од ЕУ) Со текот на времето, ќе ги видиме вистинските ефекти на оваа одлука врз животот. Треба да се обидеме да ја сфатиме ситуацијата. Дали слободите што ќе ги добиеме со излегувањето од Унијата ќе бидат задоволителни? Верувам дека тешко ќе се одвиваат проговорите со ЕУ. Треба да бидеме свесни дека преговорите нема да се одвиваат со група на европски бизнисмени кои ќе сакаат максимален пристап до Британија. Во преговорите, Британија ќе седне на заедничка маса со политичките лидери на ЕУ и парламентот. Сметам дека е потребно да ги држиме отворени сите опции“, рече Блер.
На почетокот од октомври, во рапортажата за едно списание, Блер имаше изјавено дека ќе размисли за враќање во политиката, но засега не знае каква улога би преземал. Шеесет и тригодишниот Блер во периодот 1997-2007 беше премиер на Велика Британија. Тој беше лидер и на Лабуристичката партија на Британија, и една од клучните фигури во окупирањето на Ирак во 2003 година.
На одржаниот референдум на 23 јуни, граѓаните на Велика Британија гласаа со 52 процента за излез од ЕУ.
Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, претходно беше соопштила дека пред крајот на месец март идната година ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор за започнување на официјалните преговори за излез од ЕУ. Со членот 50 од Лисабонскиот договор се уредува излезот на земјите-членки од Унијата. По активирањето на членот 50, се очекува преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија да траат најмалку 2 години.