Со автомобил во Грција може да се влезе само преку преминот Богородица-Евзони, поради штрајк на грчките погранични служби, соопшти МВР.
На другите гранични премини влез или излез е возможен само пешки. Граничниот премин кај Дојран ќе биде затворен за возила до 23 часот. Кај Евзони се пропуштаат повремено патнички возила и пешаци, но не и тешки моторни возила.
На граничниот премин Меџитлија, односно Ники на грчката страна исто така се пропуштаат само пешаци, а најавено е дека ќе се штрајкува до утре до пет часот.