Бојкот на Студентскиот пленум на гласањето за претседател на СПУКМ

Сподели

Од Студентскиот пленум велат дека сега е нелогично да има избори, бидејќи веќе е најавено оти во септември треба да се менува Статутот за студентското дејствување, укажувајќи дека е нарушена тајноста на гласањето, затоа што на избирачките места нема паравани.

thumbs_b_c_44a37d375e5291545e53501a559df2ae

СКОПЈЕ (АА) – Членовите на Студентскиот пленум денеска на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје пробаа да го блокираат гласањето за избор за претседател на Студентскиот Парламент при универзитетот, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Студентскиот пленум велат дека сега е нелогично да има избори, бидејќи веќе е најавено дека во септември треба да се менува Статутот за студентското дејствување, укажувајќи дека е нарушена тајноста на гласањето, затоа што на избирачките места нема паравани.

Изборната комисија задолжена за спроведување на гласањето на Правниот и Филолошкиот факултет не знаеше да објасни зошто нема паравани за тајно гласање на студентите и зошто нема избирачки список.

„Членовите на изборната комисија на Прваниот факултет немаат ниту легитимации, а на некои од студентите што гласаа, не им ставаа печат ниту, пак, сакаа да кажат колкава е досегашната излезност на гласањето”, изјави Ивана Туфегџиќ од Студенсткиот пленум.

Објаснувањето од Студентскиот Парламент при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” (СПУКМ) за причината поради која нема паравани за гласање на повеќето факултети е дека Државната изборна комисија не им доставила, иако тие поднеле официјално барање.

Според членови на избирачките одбори, одзивот на студенти е релативно мал, но очекуваат поголема излезност во поладневните часови. Изборите траат до 16 часот, а кандидати за нов студентски претседател се Давор Поповски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Стефан Василевски од Медицинскиот факултет.

AA.COM.TR