Борисов: Бугарија нема да протера руски дипломати – ќе одржува отворен дијалог со Русија

Сподели

Бугарија нема да протера руски дипломати во врска со случајот „Скрипал“, изјави денеска бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Борисов нагласи дека неговата земја, која моментно претседава со Европската Унија, треба да одржува отворен дијалог со Русија во однос на напнатите односи меѓу западните земји и Москва, поради труењето на поранешниот двоен агент во Англија.

„Бугарија изрази солидарност со своите сојузници во ЕУ и НАТО со тоа што го повика на консултации својот амбасадор во Москва“, рече Борисов, кој додаде дека заклучиле оти се потребни дополнителни докази за понатамошни дејства.

Бугарскиот премиер ја даде оваа изјава по состанокот со членовите на владиниот совет за безбедност каде што остварил разговор со бугарскиот амбасадор во Москва. Борисов најавил дека амбасадорот ќе се врати во Русија по православниот Велигден (8 април).