Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за предметот „КАМПАЊА“

Сподели

 

Кривичниот суд го ослободи од обвинение Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“, за нелегално финансирање на изборите како лидер на партијата Обединети за Македонија, во 2011 година.

Пресудата денеска беше дочекана со аплауз од адвокатите и обвинетиот Бошкоски. Тој за ова дело веќе одлежа казна затвор, и оваа пресуда е донесена по повторното судење.

Овој предмет беше вратен на повторно судење по барање на Бошкоски.
До ова дојде откако во 2020 година Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци.

„Од денес па натаму сум можеби единствен на балканските простори што помина 11 години неправедно во затвор. Времето никој не може да ми го врати, но ги охрабрувам сите судии да ги земат предвид сите докази, а не да влегува политиката во судниците“, изјави Љубе Бошкоски.