Основан од еден од интернационално најпознатите професионалци за кинеска традиционална музика, познат свирач на т.н. „бамбусова флејта“ – Жанг Веилианг, Кинескиот оркестар на бамбусови флејти е првиот од ваков вид во светот. Функционира како дел од Кинескиот конзерваториум за музика во Пекинг, кој претставува највисок конзерваториум за традиционални кинески инструменти, а создаден е со цел да се постигне подобар развој на изведувачките способности на бамбусовите флејтисти. Овој инструмент е оддамна познат во кинеската музика. Уште од античко време тој се користел во традиционалната кинеска опера, но и во кинеските оркестри. Покрај промоцијата, како на инструментот, така и на кинеската традиционална музика, оркестарот има голема улога и во збогатувањето на музичката литература за бамбусовата флејта, поттикнувајќи ги композиторите и изведувачите да компонираат музика за потребите на оркестарот. Па така, на репертоарот се среќаваат оригинални дела на голем број значајни кинески композитори, а постојано расте и бројот на композитори од другите земји кои компонираат токму за овој инструмент. Повеќето од членовите на оркестарот се млади професори од конзерваториумот, добитници на многубројни награди и признанија.
Програма:
Жанг Веилианг (1957): „Moon light“
Диригент: Ху Биао
Изведува: Кинескиот оркестар на бамбусови флејти
Античка музика (од династијата Танг): „Parting at Yangguan“
Ксун: Жанг Веилианг, Жанг Џиан
Бамбусови флејти: Гуан Тинган, Кси ју, Ју јуан, Ванг Менг, Ли Јуншенг
Лиу Мингјуан (1931-1996): „Henan Bagatelle“
Диригент: Ху Биао
Ер Ху соло: Чаи Шуаи
Бамбусови флејти: Гуан Тинг, Хан Ксију, Канг Руијанг, Ванг Менг
Бан гу: Ли Јунченг
Гуо Венжинг (1956): „Bamboo Phrases“
Изведуваат: Менг Ксиао јие, Гуан Тинг, Јан Јуанјуан
- пауза –
Жанг Веилианг (1957): „Lonesome“
Цуи Куан (1972): „Hometown Accent“
- Play
- Affection
- Leisure
Диригент: Ху Биао
Изведува: Кинескиот оркестар на бамбусови флејти
Цуи Куан (1972): „On the Frontier“
Пипа (традиционален кинески музички инструмент): Ли јиа
Диригент: Ху Биао
Изведува: Кинескиот оркестар на бамбусови флејти
Жанг Веилианг (1957): „Xiao andDrum sunset“
Пијано: Марк
Диригент: Ху Биао
Изведува: Кинескиот оркестар на бамбусови флејти.