Претседателот на бразилскиот Сенат соопшти дека државата ќе потроши 245 милиони долари за обнова на амазонските шуми опустошени од илјадниците пожари добиени од кривични истраги.
Претседателот на бразилскиот Сенат Дави Алколумбре соопшти дека потпишал договор со Врховниот суд за да бидат издвоени 245 милиони долари, запленети од криминалните истраги во случајот “перење автомобили”.
“-Им се заблагодарувам на сите институции вклучени во овие преговори .да ја спасиме Амазонија”, напиша Дави Алколумбре на Твитер.
Операцијата “перење автомобили” е истрага што се води против полудржавната компанија за нафта Петробрас за корупција.
Од парите запленети во оваа истрага Бразил ќе ги спасува амазонските шуми, опустошени од пожарите кои со месеци уништуваат илјадници хектари прашума, со цел да се направат пасишта за да се развива сточарството во земјата акција што беше поддржана од претседателот Жаир Болсонаро.