-“Ги повикуваме сите политички партии во Косово да се однесуваат одговорно и да го конституираат парламентот, да изберат претседател на собранието и да формираат влада што е можно побрзо”, порача портпаролката на Европската комисија Маја Коцијачиќ. Таа потенцира дека официјална Приштина нема време за губење и ги повтори барањата на ЕУ кои се неопходни за Косово да напредува на патот кон евроинтеграцијата.
“И претходно рековме: Косово нема време за губење. Новата влада веднаш треба да почне да работи на спроведување реформи во областа на владеењето на правото и економијата, да работи на условите за визна либерализација, да се ангажира во регионот и конструктивно да се ангажира во дијалогот меѓу Белград и Приштина” истакна Коцијанчиќ.