Британскиот парламент ја презеде контролата врз Брегзит

Сподели

Со 329 гласови за и 302 гласови против, парламентарците во Велика Британија гласаа за амандманот што го предложи пратеникот Оливер Летвин.

Според тој амандман на парламентот му се дозволува да го води дневниот ред во парлементот кога станува збор за брегзитот. Тоа значи дека парламентот повеќе не е врзан со опции кои на гласање ги става премиерката Тереза Меј, туку сега членовите на парламентот ќе ги ставаат своите предлози на дневниот ред и ќе гласаат за нив и така ќе се обидат да го решат проблемот со брегзитот.

Премиерката Меј рече дека е скептична во врска со процесот, бидејќи тој не нудел гаранции дека ќе обезбеди мнозинство за која било опција и укажа дека тој нема да биде обврзувачки за Владата да го почитува резултатот. Договорот што Меј го постигна со ЕУ веќе двапати беше отфрлен во Парламентот, поради што Меј  беше принудена да побара од ЕУ одложување на Брегзит.