Британскиот Парламент ќе одлучува за новиот договор за Брегзит

Сподели

 

Британскиот Парламент денеска ќе одржи седница, на која пратениците ќе треба да се изјаснат за ревидираниот договор.

Новиот договор за Брегзит беше едногласно одобрен од лидерите на ЕУ на 17 октомври.

Иако британскиот премиер Борис Џонсон новиот договор го оцени како „одличен“, се очекува тој да има потешкотии при гласањето на договорот во Парламентот, бидејќи против се северноирската Демократска унионистичка партија, која ја поддржува малцинската Влада, како и опозициските партии Лабуристички партија, Либералните демократи, Брегзит партијата и Шкотската национална партија.

Претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер по постигнувањето договор за брегзит ја исклучи можноста од какво било пролонгирање.