Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, преправајќи се дека е Херкул без мускули

Сподели

 

“Веќе ја предупредивме Европската унија дека Каракачанов води крајно несоодветна политика за ЕУ. Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде.Тоа им го посочивме на европејците”, изјави Коѕијас за порталот „Еурактив“.

„Атина и порано го предупредуваше Европскиот совет дека Каракачанов води политика надвор од рамките на ЕУ. Додека Бугарија претседаваше со Унијата, тој во градината на Националната палата на културата постави статуа на лав кој држи штит на кој се наоѓа мапата на Сан Стефано, алудирајќи на ‘голема Бугарија‘“, вели Коѕијас.

“Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, преправајќи се дека е Херкул без мускули”, – додаде Коѕијас.