Бугарското МНР: Скопје се води по „наследен историски тоталитарен наратив“

Сподели

 

Бугарија ќе ги продолжи конструктивните напори и за време на наредното претседателство на Европскиот совет, пишува во соопштението на бугарското МНР кое го објави БГНЕС.

Време е Владата на Република Северна Македонија да се откаже од манипулативната теза дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните или од правото да си го нарекуваат јазикот како сакаат.”

„Со наследен тоталитарен историски наратив, тешко е да се најде поддршка од Бугарија“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

За жал, во текот на последната година Република Северна Македонија води дипломатска и медиумска кампања за дискредитирање на позициите на Република Бугарија, а во јавноста беше претставен неточна информација за бугарската позиција.”

Официјална Софија ја оценува како „манипулативна“ тезата дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија или нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат.

„Врз основа на одговорноста да не внесува отворени прашања во ЕУ и да ги заштитува своите интереси, вредности и авторитет, Република Бугарија ќе продолжи да бара трајни решенија кои што ќе овозможат натамошен развој на билатералните односи и оптимален процес на преговори на Република Северна Македонија со ЕУ“, пишува во известувањето на бугарското МНР.