Бујар Османи: Секогаш сум работел според законот и во интерес на граѓаните (ВИДЕО)

Сподели

 

„Откако почна истрагата на СЈО, сите покажуваат интерес за овој случај. Сакам да повторам дека шпекулациите за овој случај ги имаше и порано и беа насочени директно да ја оцрнат мојата кариера, јавно барав во повеќе наврати СЈО да отвори истрага и да го расчисти случајот зошто сум чесен во моите постапки. Очекувам да бидам повикан и во предистражната постапка. Истрагата е отворена и изминатите денови собрав документација преку која се расчистува ситуацијата и се гледа дека нема индиции на некакво незаконско работење и дека одлуките се донесени законски и во интерес на граѓаните. Целата документација ја предадов во СЈО и во наредните денови ќе бидат доставени и сите други документи. Што се однесува до мене, овој случај е расчистен, и од СЈО добив уверение дека овие документи се пресвртница во случајот.

Да порачам дека улогата на СЈО е од исклучителна важност и останувам на овие принципи и мојата поддршка за оваа институција останува непроменета и уште повеќе верувам во нивната неутралност.

Секогаш сум работел според законот и во интерес на граѓаните – потенцираше Османи.