Во народната медицина, липата се користи против настинки, грип, кашлица, инфекции на грлото, треска. Чајот од липа дејствува како диуретик и го стимулира интензивното потење. Поради седативниот ефект, се препорачува и за релаксација на мозокот и нервите, против замор, главоболка и како предок во третманот на епилепсија. Липа се препорачува и за жени за време на менопауза во случаи на напнатост и несоница. Исто така, чајот од липа може да ублажи некои симптоми на постменструалниот период.
За интезивно потење и ослободување од токсините во организмот по природен пат, препорачливо е користење на чај од липа да се конзумира четиресетина минути пред физичка активност или фитнес тренинг.