Чавков повторно во Шутка, бидејќи не ја почитувал мерката домашен притвор

Сподели

Кривичниот суд го вратил Митко Чавков во притвор во Шутка, бидејќи полицијата не го пронашла дома при две проверки, пренесе 24 Вести.

Го напушти притворското одделение во понеделникот, а веќе следниот ден во неговиот дом во скопски Центар никој не им отворил на полицајците кои проверувале дали е дома.

Го барале на адресата по лична карта, бидејќи на таа локација Врховниот суд му определил издржување на домашен притвор.  Но, Чавков сам одлучил да замине  и да издржува куќен притвор во населбата Лисиче, каде подоцна бил лоциран, објасни првиот човек на Кривичен суд на брифинг со новинарите.

„Кривичниот суд на увид имаше известување од МВР од 27,03, во кое стои дека полициски службеници  тој ден извршиле 2 конторли во 18 часот и во 20,30  минути и  лицето Митко Чавков не бил најден на адресата и никој не отворал на вратата.“ – изјави Иван Џолев  претседател на Кривичен суд.

Законот за кривична постапка предвидува доколку на  лице кое има мерка куќен притвор се оддалечи од домот, ќе му биде изречена построга мерка, вели Џолев. Освен Чавков Кривичен врати уште 4ца обвинети од безбедносните структури во Шутка. Џолев вели законски се  одлуките кои ги донесе совет од неговиот суд. Одлучувањето во Врховен било во фаза на истрага, а во сскопска единица  по поднесување на обвинение.

„Разликата во одлуките меѓу двата суда е сосема мала. И во двата случаи е определен притвор. Врховниот дал домашен, а кривичниот совет ефективен притвор. Кривичен ја одредил мерката само по основ за бегство и може да ја ревидира Апелација.“

Сега на потег е Апелација, која ќе одлучува по жалбите за притворите. За два дена до судот пристигнале 9 жалби, а меѓу нив има и обвинети кои се жалат на домашниот притвор.