Чешка вечер на „Охридско лето“ со концерт на триото „Халир“

Сподели

Во рамките на музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“, вечер на сцената во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе се одржи Чешка вечер.

Чешката вечер на „Охридско лето“ за публиката ќе го понуди целовечерниот концерт на триото „Халир“, составено од уметниците Едуардо Гарсиа Салас на виолина, Јана Подолска на виолончело и Барбора К. Сејакова на пијано.