Чешката црква ја призна МПЦ-ОА како “Црква на Северна Македонија”

Сподели

 

По минатонеделното признавање на МПЦ-ОА од Романската црква, Светиот синод на Црквата на Чешката Репубика и Словачка одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс.

Во објавата се наведува дека „Св. Синод на Црквата на Република Чешка и Словачка биле запознаени со писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со обновувањето на евхаристиското заедништво со епископиите во Северна Македонија, како и писмата на српскиот патријарх Порфириј во врска со реинтеграцијата на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната црква на Србија и за доделување автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Томосот од 20 мај 2022 година. Овие канонски одлуки на сестринските православни цркви беа прифатени со благодарност до Бога за надминување на долгогодишниот раскол“.

Во одлуката не се користат термините „Македонска православна црква“ или „Охридска архиепископија“ туку „Православна црква во Северна Македонија“.