Честитка од Џафери по повод Денот на сите светци

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до граѓаните од католичката вероисповед по повод големиот католички празник Сите Светци.

“Дозволете од име на Собранието на РС Македонија и од мое лично име да Ви го честитам големиот католички празник, Сите Светци, и да Ви посакам денот да  го поминете во душевен мир, семеен спокој и во спомен на сите кои го напуштиле овој свет и со себе ги понеле сите спомени, сите убави и заеднички мигови на семејни, пријателски и соседски врски. Ви посакувам секој ден, а особено во овој период исполнет со предизвици за сите нас како и за целиот свет, да ја задржите вербата и надежта за да Ве водат кон подобро утре. Нека ве одликуваат скромноста, добрина и почитта кон другите.

Ви пожелувам да имате добро здравје и да го прифатите животот со сите предизвици што ги носи благонаклоно и со благодарност, како најголем дар.”