Честитка од претседателот Џафери по повод Св. Сава

Сподели

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка на граѓаните, припадници на српската заедница, по повод Св.Сава – националниот празник на српската заедница во Република Северна Македонија.

“Дозволете од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да упатам честитки по повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Република Северна Македонија.

Именуван по Св. Сава, првиот српски архиепископ кој што оставил неповторлив белег во растот и развојот на духовниот живот на српската заедница, меѓутоа и на писменоста, овој празник претставува потсетник за тоа што значи трајна вредност и несебично вложување на целото битисување за градење на такво наследство за генерациите што следат.

Упатувам срдечни честитки до сите наши граѓани, припадници на српската заедница и им посакувам да имаат убав и спокоен празничен ден, поминат  во кругот на блиски и драги луѓе. Во исто време, уверен сум дека Република Северна Македонија, како наш заеднички, топол и безбеден дом е земјата во која најдобро ги изразуваме нашите поединости, а сепак слеани  во една единствена слика во која секој поединец е незаменлив дел кој на несебичен начин придонесува со тоа што најдобро може а во овој случај, тоа е одржувањето на пријателските односи со непосредните соседни земји.

Почитувани сограѓани, Ви посакувам убави празнични моменти!” – честиташе Џафери.