Годинава по четврти пат, од 23-ти до 26-ти јуни, во кино Култура се одржува Скопје прајд викенд, овој пат во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ-Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет.
Целта на серијата настани во рамки на Викендот на гордоста е да креираат простор и да промовираат понуди радикална и интерсекционална критика на бинарниот родов систем, хетеронормативноста и националистичката хомофобија, како и испреплетувањето на овие режими на контрола и опресија со класата, етницитетот, расата, и здравствениот статус.
Носечката идеја позади овогодишниот Викенд на гордоста е солидарноста, како политичка, социјална и етичка позиција која овозможува да се градат алијанси и колективи на отпор оттаде органичувачките идентитетски позиции и исклучувачко групни интереси, без притоа да се нивелираат спецификите на различните проживеани искуства на опресија и исклучување, се наведува во настанот.
Во рамки на овогодинешниот Прајд викенд ќе се одржат следниве настани повеќе дебати, уметнички перформанси, предавања и музички концерти. Комплетната програма може да се најде на следниот линк.