ЧИЧАКОВСКИ: Графолошката анализа покажала дека потписот на Фатиме не е автентичен

Сподели

Потписот не е испишан од Фатиме Сулејмани, утврдил вештакот кој го ангажираше Државната изборна комисија. ДИК вчера побара да се направи оваа анализа, бидејќи Беса тврдеше дека таа кога дошла да гласа видела дека некој друг гласал во нејзино име поради што ИО не и дозволил да го оствари своето гласачко право. Ова пред малку го соопшти претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

-Графолошката анализа покажала дека потписот не е автентичен – рече Чичаковски.