Чифте Амам, “Попладнето на една идеологија”, 12. јуни – 3. јули
Куратори Георги Лозанов и Георги Господинов
Изложбата “Попладнето на една идеологија“ ги претставува уметничките дела во сопственост на галеријата со “неуметнички очи“, барајки во нив сведочења за едно време и начинот како ги доживувале уметниците. Сметајќи на тоа дека тие на сопствен јазик ги пишувале страниците од микроисторијата на комунизмот, дека творецот секогаш учествува во “двојна игра“, додека ја прикажува реалноста, и таа дејствува на него, присуствува во неговите дела по негова волја, но и независно од неа. Во таа смисла, естетските квалитети не се водечки при изборот на сликите и скулптурите, но далеку од тоа дека ги нема – меѓу нивните автори се некои од најзначајните бугарски уметнички имиња како: Љубомир Далчев, Иван Кирков, Васка Емануилова, Павел Којчев, Галин Малакчиев, Атанас Јаранов, Димитар Казаков, Милко Божков, Љубен Зидаров, Андреј Даниел, Недко Солаков, Вихрони Попнеделев, Станислав Памукчиев, Текла Алексиева, Ванко Урумов…. При тоа сите се творци насочени кон тоа време и кон создавањето уметност во тоа време. И посетителите ќе можат да ги следат во нивното уметничко мислење и насоки.
Во оваа потрага на “уметнички докази“ за обичниот човек во социјализмот се одликуваaт четири тематски области, кои условно можат да бидат означени како: транспорт/град, прозорец/контемплација, секојдневие/празник и детство/вина.
Изложбата е дел од долгорочниот проект “Другото око“, кој има за цел да го претстави и социјализира богатството и разновидноста на делата од фондот на Софиската Градска Уметничка Галерија преку очите на “непрофесионалците“- интелектуалци.
Каталогот кон изложбата е на бугарски и англиски јазик и вклучува авторски текстови на двајцата куратори и дел со избрани од нив творби.