Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во емисијата Топ тема на телевизија Телма изјави дека за контрола на движењето на граѓаните и почитувањето на полицискиот час ќе биде ставена и единицата на беспилотните летала.
-“Ќе побарам да се стави во функција единицата за беспилотни летала. Беспилотните летала кои ги имаме во со високи технички можности, можат да ја скенираат целата сосотојба и да ги регистрираат сите прекршоци на полицискиот час. Можат да ја видат и регистрацијата на возилата. Леталата се во функционална состојба, тука се и операторите, сѐ што е треба е единицата да се стави во функција”, изјави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.