ЧУЛЕВ: Превентивни мерки за обезбедување и безбедност на граѓаните

Сподели

 

Во насока на преземање превентивни мерки за обезбедување на здравјето и безбедноста на граѓаните, Министерството за внатрешни работи на денешната седница на влада ќе ги предложи следните мерки:

 Управните служби да работат со променето работно време, односно во Скопје од 07:30 – 18:00, а во останатите градови од 07.30-16.30. Одлуката ја предлагаме врз основа на анализата на посетеност во изминатите денови.
 Со мерките за прекин на Владата да се вклучат и автошколите и Испитните центри
 Армијата целосно да го преземе обезбедување на зелената граница и тоа на подрачјето на ПС за граничен надзор Блато и ПС за граничен премин и надзор Џепчиште, со цел полициските службеници од Граничната полиција да се стават во функција на граѓаните од регионот каде е прогласена кризна состојба
 Ресурсите на јавните претпријатија, пред се во делот на теренски возила да се стават на располагање на Министерството за внатрешни работи
 На сите гранични премини, вклучувајќи го и скопскиот аеродром на сите лица кои влегуваат во нашата држава да им биде врачена наредба и формулар за изјава за самоизолација.

– Дополнително ја информирам јавноста дека во моментов Министерството за внатрешни врши патролно обезбедување на автобуси со кои 32 државјани на Албанија и 20 државјани на Косово од скопскиот аеродром ќе бидат проследени со полициска придружба до граничен премин на излез од државата.

– Во текот на денот приведен е гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање на угосителските објекти. Истиот е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок – објави министарот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

Image may contain: text