Comodita Home со нова донација за КОВИД Центрите низ Македонија

Сподели

 

Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, во рамки на својата хуманитарна кампања  „Секој сон е важен“  денеска донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија.

Донацијата беше предадена пред ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија Скопје од страна на претставникот на Comodita Home,  г-дин Харитон Гаџоски а ја прими Д-р Дејан Докиќ директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите.

На средбата, пред присутните новинари се обрати г-дин Харитон Гаџоски, претставник од Comodita Home:

 

 

„Почитувани медиуми, Ви благодарам на присуството. Повеќето од Вас знаат дека компанијата Comodita Home почна една своја хумана приказна минатата 2021 година под мотото „Секој сон е важен“ . Нашата кампања имаше една многу човечка нишка а тоа е дека без разлика на возраста, финансиските можности и условите околу нас, времето за сон, одмор е скапоцено и чини здравје. Дониравме за дечињата на Детска Клиника Козле, дониравме душеци и перници за највозрасните граѓани во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – СкопјеГрадската Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски , ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија, но и Црвен Крст на Град Скопје.

Не ги заборавивме ниту социјално загрозените граѓани од сите општини, детски домови и буквално бевме присутни секаде каде што требаше да се дејствува. Затоа и денес сме тука и особена чести ми е што Comodita Home преку оваа своја донација се вклучува во борбата со тешката пандемија на Ковид 19.

Месец март е наш роденденски месец во кој компанијата го слави својот 7- ми роденден и неизмерно ми е драго што еве баш на стартот на нашата седма година ја правиме оваа донација поточно наш подарок од 160 душеци и 160 перници низ Ковид центрите во државава.

Со ова би сакал да најавам и низа нови хумани и општествено одговорни проекти како што правевме и досега во изминативе години. Ве благодарам! “

Со овој потег, Comodita Home најавува дека нема да отстапува од својата хумана мисија и во 2022 година и ќе биде и понатаму пример за сите останати компании со своето дејствување за општо добро.