Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, денес пред Пунктот за бездомници во Момин Поток донираше душеци за Црвен Крст на Град Скопје, во вредност од над 2 милиони денари.
Comodita Home со оваа хуманитарна донација за Црвен Крст на Град Скопје, успешно ја завршува својата мисија под мотото „Секој сон е важен“ ! Годинава како општествено одговорна компанија, помогнавме со донации на повеќе здравствени установи во земјава, клиники, здравствени домови, а 2021 година ја завршуваме токму со денешнава донација на социјално загрозените граѓани и лица во ризик, приматели на помош од Црвен Крст на Град Скопје.
На средбата, пред присутните новинари се обрати г-дин Харитон Гаџоски, претставник од Comodita Home, кој потенцираше дека компанијата донациите ги направила со големо чувство на општествена одговорност и посочи со која динамика се одвивале сите хуманитарни настани, предвидени и остварени за 2021-та година.
„Со донациите почнавме на Детска Клиника Козле, а потоа дониравме во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, Градската Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски а минатиот месец направивме донација и на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Притоа, помагавме преку соработка со Општините и на социјално загрозени граѓани, во детски домови, ковид центри, болници и секаде каде оценивме дека компанијата треба хумано да делува. Вкупната донација на Comodita Home на сите овие установи е над 1500 душеци, во вредност од над 100 000 евра“!
Comodita Home најавува и во Новата 2022 година многу нови успешни хумани проекти! Имено, Comodita Home ќе продолжи со своите општествено одговорни постапки и ќе биде и понатаму пример за сите останати компании со своето хумано дејствување.