АЛЕПО (АА) – Новинската агенција блиска на терористичката организација ДАЕШ вчера соопшти дека висок командант на ДАЕШ е убиен во Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Беше соопштено дека Омар ал-Шишани бил убиен во судирите околу Мосул, без да се наведат одредени детали.
Уште во месец март, американското Министерство за одбрана ја потврди смртта на Шишани.
На 8 март, официјален безбедносен извор за АА изјави дека Шишани бил цел на нападите од страна на САД, на 4 март, во североисточниот сириски град Шадади.
Грузиецот, познат и под името Омар Чечени и Таркан Тајумуразович Батирашвили, од страна на САД се смета за еден од главните лидери на ДАЕШ, и тие понудија награда од 5 милиони долари за информации поврзани со него.