Дали е ова почеток на крајот на Надал? – Навивачите загрижени и во солзи!

Сподели

Loading

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема играно од Австралија опен, го пропушти Мастерсот во Монте Карло, нема да игра во Барселона, а прашање е дали ќе настапи на Мастерсот и во Мадрид.

фото: EPA/JASON SZENES

Она што не би било неочекувано е дека сопственикот на 22 Грен слем титули наскоро ја завршува кариерата!?

Поранешниот американски тенисер Енди Родик проговори за кариерата на Рафаел Надал.

,,Ова може да биде почеток на крајот на Надал. Сепак, дали некој од нас мислеше дека лани ќе биде здрав, ќе освои два слема и ќе игра солидно во првите седум месеци? Веројатно не – рече Родик.

,,Интервалот меѓу неговите повреди е се пократок, се чини дека тие сега се таложат. Порано паузираше три-четири месеци, но се враќаше сосема здрав. Сега се чини дека од последниот Вимблдон не беше целосно подготвен – изјави поранешниот број 1.

Надал ја брани титулата на Ролан Гарос, кој започнува на 28 мај.

The post Дали е ова почеток на крајот на Надал? – Навивачите загрижени и во солзи! first appeared on .

Powered by WPeMatico