Светската здравствена организација ја прогласи зависноста од видео игри како ментално нарушување, а Американската асоцијација на психијатри го спореди нејзиниот интензитет сличен како зависноста од коцкање, пушење, наркоманија.
Во Македонија недостасуваат истражувања за да видиме дали имаме зависници од видео игри, и покрај тоа што оваа брзорастечка медиумска индустрија масовно намамува и возрасни и деца. Во видео поткастот со психологот Јорданка Черепналкова – Трајкоска од Македонската асоцијација за применета психологија и гејмерот Блаже Минов отвораме дебата дали е оправдано демонизирањето на „гејмингот“ или пак ова хоби има и позитивни последиции. Но, дискутираме и за симптомите за зависност.