Данела Арсовска: Срам за Македонија и оваа влада се Изет Меџити и Висар Ганиу

Сподели

Изет Меџити наместо да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се исмева со граѓаните додека промовира туѓи проекти. 

Проектот за споделување на автомобили е проект започнат во соработка со приватна компанија и претпријатијата на градот Скопје. 

„Храбриот“ Меџити никаде го нема да се соочи на терен со мене за дивоградбите кои тој и Висар Ганиу со години спротивно на закон ги граделе и легализирале во Чаир, со фалсификување на документи и одобренија за тие дивоградби.

Срам за Македонија и оваа влада се Изет Меџити и Висар Ганиу. Замислете, човек кој стои позади стотици дивоградби, ставил во ризик илјадници граѓани, фалсификувал документи со својот измеќар, сега е вицепремиер и промовира туѓи проекти пред медиумите и граѓаните, се наведува во соопштението на градоначалничката Арсовска.