Данела-Сијарто: Договор за интензивна соработката меѓу Унгарија и Градот Скопје

Сподели

 

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која беше почесен конзул на Унгарија, денес имаше средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој е во посета на земјава.

“На денешната средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, разговаравме за предизвиците кои во наредниот го очекуваат Градот Скопје, како и проектите кои почнаа да се реализираат. Приоритети на новата градска администрација се креирање услови за подобар квалитет на животот за граѓаните и реализација на проектите предвидени во програмата на Градот Скопје. Постигнавме договор да ја интензивираме соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје, со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните”, изјави Данела Арсовска по средбата со Сијарто.