Даут Пашин Амам: Концерт Маурицио Мастрини (Италија)

Сподели

 

Даут Пашин Амам – Скопје, Маурицио Мастрини (Италија), Концерт со авторска музика за пијано, 15.11.2019 г. – петок, 20 часот

Поддржано од Министерство за култура.

***

Маурицио Мастрини е еден од најпознатите италијански пијанисти и уметници.
Го нарекуваат „Диво срце“ поради неговиот малку осамен и изолиран начин на живот во виноградите на Умбриа, но и поради свирењето каде со целото свое срце изразува еден голем свет на емоции. Неговите композиции се линк помеѓу традиционалните стандарди на музика и новата современа класична музика, интегираат елементи од неговите емоционални и културолошки истражувања. Некои од неговите дела се минималистички, други се приказ на математички концепти, некои содржат и само неколку ноти, затоа што како што и самиот вели: „дури и неколку ноти се доволни да го допрат човекот и да го доведат до солзи….“

За него ќе речат: „Маурицио е извонреден!“ – Steve Orchad – добитник на Греми и sound engineer во AIR Studios Лондон

„Малку луд и малку генијален, но околу 80% генијален…“ – Corrado Canonici – менаџер на World Concert Artists London

„Феноменален пијанист“ – Margherita Ferrandino, новинар критичар на RAI

„Мастрини: Лудило и брилијантност до самата суштина… фантастично!“ – Federico Taddia, Radio RAI

„Мастрини претставува еден од најдобрите интернационални музички таленти„ – Fabrizio Frizzi, презентер на TV RAI

Уште како дете го сметале за child prodigy. На 14 години компонира Миса на латински, опера и неколку други композиции со кои веќе се докажува и како композитор. Снима ЦД-а за најпознатите италијански издавачки куќи Progetti Sonori и Azzura.
Одржал голем број на концерти во Англија, Франција, Данска, Исланд, Холандија, САД, Турција и Чешка. Исто така снимил и неколку музички видеа за телевизиите: BBC, RAI UNO, Swiss Radio and TV, Mediaset. Мастрини напишал и неколку дидактички книги за пијано: “La tecnica del pianista contemporaneo”, “Mastro solfeggio”, “Mastrini piano” и Збирка со композиции за пијано 4 раце. Покрај активната кариера како пијанист, Мастрини е раководител и на неколку музички фестивали во Италија, Франција, Шкотска и Исланд.

*влезот е слободен
*** поради ограничен број на места, ве молиме за резервација во инбокс