Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до сите граѓани по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
“Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.
Прославувајќи го денешниот празник да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви.
Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш.
Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава.”