Денеска во 13 часот, започнува третата годишна конференција „Women in Digital 2021“, со онлајн дебата на тема „Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини во дигиталната ера“.
Истакнати жени–професионалци од реномирани македонски и странски компании ќе дебатираат за потребата од вештачката интелигенција, нејзината примена во работата, како и неопходниот развој и усовршување на потребните вештини за работа.
Потребата од вештачката интелигенција и нејзиниот развој
- Развој на вештачка интелигенција
- Колку светската пандемија го забрза развојот на AI
- Кои се придобивките од вештачката интелигенција
Влијанието на вештачката интелигенција на бизнисите
- AI и имплементација на автоматизација во различни индустрии
- Дали локалните бизниси прифаќаат напредни решенија за AI во работењето
- Колку е важна науката за податоци за компаниите во новото време
Потребата од развој на нови вештини за работа
- Како развојот на вештачката интелигенција влијае на работната сила
- Пополнување на јазот – како да се едуцира работната сила за справување со предизвиците на новото време користејќи AI
Конференцијата во организација на телекомуникациската компанија А1 Македонија, и за првпат ќе се емитува во живо преку професионалната мрежа LinkedIn на следниот ЛИНК.