Демократско движење реагира на нападот на екипата на Алсат телевизија

Сподели

 

Нападот врз новинарите и снимателот на телевизија Алсат во скопската чаршија е многу грд настан кој Демократското движење најостро го осудува.

Неприфатливо е фрустрирани поединци да напаѓаат новинари, уште повеќе на место како што е скопската чаршија, каде што има движење на луѓе, а особено на странски туристи.

Органите на редот треба што поскоро да го истражат овој случај и да го изведат напаѓачот пред лицето на правдата. Работата на новинарите е во служба на информирање на јавноста, додека чаршијата е посебно наследство на нашата култура, чија слика никој нема право да ја нарушува.