Вчера бевме сведоци на уште една пародија која ни ја понудија пропаднатите министри на ДУИ по повод пуштањето во употреба на Поликлиниката во Сарај. Овие министри на ДУИ не се потсмеваа само со Сарај, туку со целото население во државата пуштајќи во употреба објект кој и пред да се промовира е уништен, подобро кажано внатре е целосно скапан.
Тоа го докажуваат и фотографиите кои ви ги пренесуваме од оваа Поликлиника.
Значи објектот на Поликлиниката во Сарај, и пред да се пушти во функција, е во мизерна состојба што се однесува до квалитетот на градбата но и со многу други санитарни проблеми.
Овој објект, кој беше ветуван од 2018 година за жителите на општина Сарај, а кој беше промовиран денеска, за жал ќе продолжи да остане нефункционален. Жителите на Сарај не заслужуваат такво нешто, тие се чувствуваат очајни од оваа голема лага што им се прави.
Почитувани граѓани, овие слики што ви ги пренесуваме денеска го потврдуваат фактот дека во времето кога оваа Влада која издвојува милиони евра за казина и игри на среќа, не е во состојба да го среди суштинското прашање за здравствените услуги на илјадници жители на Дервен, но и пошироко, а особено за луѓето на кои им е потребна поголема медицинска нега и кои се принудени да плаќаат многу пари во клиниките и приватните болници.
Значи со право можеме да констатираме дека Владата не се грижи за здравјето на граѓаните, се грижи за казината, па затоа лекарите и специјалистите ни бегаат како резултат на невнимание и неинвестиција во здравството.
Ние велиме доста е веќе, одговорот ќе го добиете многу брзо на изборите, бидејќи оваа состојба е неподнослива за сите наши граѓани, се наведува во соопштението на Демократското Движење.