Ден пред референдум во Велика Британија: Камерон предупреди дека по Брексит нема враќање

Сподели

– Откако таборот кој го заговара излегувањето од Европсата унија, популарно наречен “Брексит”, ги повика гласачите да имаат повеќе доверба во себе и својата држава, британскиот премиер Камерун предупреди дека не може да се врати во авион од кој излегол

thumbs_b_c_f410e807dce0cdc21a9fb1fccf84c88a

ЛОНДОН (AA) – Последниот ден од кампањата воочи референдумот за останување или излегување на Велика Британија од Европската унија, британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека излегувањето од Унијата е пат без враќање, додека од спротивниот табор ги повикува британските гласачи да имаат повеќе доверба во својата земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Откако таборот кој го заговара излегувањето од Европсата унија, популарно наречен “Брексит”, ги повика гласачите да имаат повеќе доверба во себе и својата држава, британскиот премиер Камерон предупреди дека тоа е пат од кој нема враќање.

„Не можете да излезете од авиот, па потоа да се вратите во истиот низ отворот на кокиптот”, сликовито порача премиерот Камерон во денешната изјава за радио Би-Би-Си.

Тој смета дека Велика Британија има најдобро од двете опции, бидејќи го задржаа специјалниот статус и самостојно го водат пазарот, со можност да придонесат во решавањето на пошироките проблеми како што е тероризмот и воспоставуваат економски и трговски односи.

„Јас сум патриот на оваа држава. Не бевме под инвазија изминатите илјада години и имаме институции кои добро ни служеа. Не сакам да се откажам од тоа поради некој вид обединета Европа и ние тоа нема да го направиме”, рече Камерун.

Од друга страна, истакнатиот поборник на “Брексит” и поранешниот градоначелник на лондон Борис Џонсон утрово им даде изјава на новинарите на Би-Би-Си во текот на утринската посета на рибарницата во источниот дел на Лондон.

„Време е да имаме сосема нови односи со нашите пријатели и парнтери од другата страна на Каналот. Време е за подигнување на гласот за демократија и стотици милони луѓе ширум Европа се сложуваат со нас. Дојде време да се разделиме од дискфункционалниот и неефикасниот систем на Европската унија”, порача Џонсон.

Последните анкетни истражувања покажуваат дека останокот во ЕУ и излегувањето од Унијата поддржува изедначен процент на Британците. Збирните резултати од тие анкети објавени на интернет страницата “What UK Thinks” покажуваат дека за останувањето во Унијата се 51 отсто, а за излегувањето од Унијата 49 отсто од Британците.

Аналитичарите предвидуваат дека одзивот на бирачите на утрешниот референдум би можел да достигне 80 отсто, што не е забележано ниту на едни национални избори, ниту на референдуми одржани во таа земја во изминатите 50 години.

AA.COM.TR