Во Собранието денеска ќе се одржи 123. пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија.
1.Во Преамбулата на Уставот на Република
Северна Македонија заменета со Амандманот
IV, а Амандманот IV изменет со Амандманот
XXXIV, после делот од бошњачкиот народ се
предлага да се додадат деловите од
бугарскиот народ, хрватскиот народ,
црногорскиот народ, словенечкиот народ,
еврејскиот народ и египќанскиот народ.
2.Во Амандманот XXXVI на Уставот на
Република Северна Македонија со кој се
заменува членот 49 и Амандманот II, после
делот од бошњачкиот народ се предлага да се
додадат деловите од бугарскиот народ,
хрватскиот народ, црногорскиот народ,
словенечкиот народ, еврејскиот народ и
египќанскиот народ
3.Во Амандманот XII на Уставот на Република
Северна Македонија што се однесува на
Комитетот за односи меѓу заедниците, во
точка 1 се предлага да се измени бројот на
членовите и тоа наместо досегашните 19
члена, бројот да се зголеми на 43 члена при
што по 16 члена од редот на пратениците во
Собранието Македонци и Албанци и по еден
член од редот на пратениците Турци, Власи,
Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати,
Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.