Во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, денеска ќе се одржи чествување на бардот на македонската литература Петре М. Андреевски.
Повод за средбата е десет години од смртта на големиот македонски писател, кој со своето дело ги одбележа најубавите страници во современата македонска книжевност.
Петре М. Андреевски е македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува во најдобрите, најчитаните и најпопуларните македонски писатели. Автор е на дваесетина бележити книги од сите жанрови и е преведен на повеќе јазици. Добитник е на најважните книжевни награди во Република Македонија. Починал на 25 септември 2006 година во Скопје.