Денеска почнува августовскиот дел од Научната и уметничка визита „Охрид 2016“

Сподели

4194_635888155557568318

Денеска почнува вториот, августовски дел од Научната и уметничка визита „Охрид 2016“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите.

Предавање во Куќата на Уранија ќе одржат академиците Вера Битраковска-Грозданова и Газанфер Бајрам, на тема „Мозаиците во минатото и современоста“.

Научната и уметничка визита продолжува со изложби и со промоции, како и свечена академија по повод 1.100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски.

На програмата е и една тркалезна маса за високото образование и за науката.

Завршната конференција е посветена на процесите на модернизацијата на Балканот. Научната и уметничка визита ќе заврши на 2 септември, со симпозиум за Богомилското движење и за богомилската книжевност.

meta.mk