Денеска се потпишува пристапниот протокол на Македонија во НАТО

Сподели

Македонија денеска го потишува протоколот за членство во НАТО, во согласност со договорот за името со Грција.

На церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел ќе присуствуваат дваесет и деветте членки во Алијансата и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Земјите членки ќе дадат согласност за членство на нашата земја во Сојузот со новото уставно име Република Северна Македонија.

Откако ќе биде потпишан протоколот Македонија ќе може да учествува во сите „клучни формати“ на северноатлантскиот совет, односно Македонија ќе стане дел од системот и процедурите на НАТО, и ќе учествува во работата на телата на Алијансата како поканета земја членка, без право на глас.

По денешното потпишување, почнува процесот на ратификација на протоколот од страна на парламентите на сите земји членки на НАТО, процес кој може да трае до година и половина.

Грција е првата земја-членка која што ќе го ратификува овој протокол.