Денеска во ДИК распределба на локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање

Сподели

Во Државната изборна комисија денеска во 13:00 часот ќе биде спроведена жрепка за распределба на локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со нив.

Комисијата ги повикува претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации и ценовници до ДИК да учествуваат во ждрепката. Доколку нема присутен претставник од понудувачите, извлекувањето ќе го изврши лице од стручната служба.

Политичките партии, учесници во изборниот процес, како што соопшти ДИК ќе може да присуствуваат и да го следат процесот на спроведување на ждрепката за рекламни паноа и билборди.