Денеска во Скопје ќе биде организрано свечено отворање на манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2020“.
„Денови на македонскиот мед“ ќе ги отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
Посетителите на манифестацијата која се одржува на ул. Македонија, ќе можат да ги разгледаат штандовите со мед и пчелни производи, како и да ја проследат подготвената програма.
фотографија: Стефан Стефановски