Џафери го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Сподели

 

Честитка од Претседателот на Собранието Талат Џафери до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

Ваше Блаженство,

Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството, на сите православни верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.

Искрено посакувам преку ликот на Пресветата Богородица да бидат препознаени и отелотворени во животите на сите нас, вредностите кои нејзиниот лик ги претставува, големата љубов, добрината, грижливоста. Сите заедно да ги празнуваме и почитуваме верските празници и преку нив да учиме важни животни лекции и мудрости.

На Вас, Ваше Блаженство како и на сите православни христијани во Република Северна Македонија уште еднаш Ви го честитам празникот, Ви испраќам желби за добро здравје како и за радост и спокој во сечив дом – порача претседателот на Собранието, Талат Џафери.