Џереми Вејд не раскажува рибарски приказни- тој ги живее

Сподели

image002
Од 24 јули |Discovery Channel

image003

Биологот и екстремниот риболовец Џереми Вејд се враќа со осма сезона на серијалот „Речни чудовишта“ и овој пат ќе ја фрли мрежата пошироко од било кога претходно за да ги истражи легендите за суштествата кои живеат во светските океани. На островите Кијс на Флорида, Џереми истражува таинствено суштество кое ги удира своите жртви толку силно што им ги крши коските. Тука се и приказните на пливачите од Карибите кои често „нешто“ ви повлекува во водата. Дали таа појава ја предизвикува Луска? Суштество за кое се верува дека е пола ајкула, пола октопод. Неуморниот истражувач тргнува  на досега најопасната авантура и се враќа на Амазон во потрага за жртвите на невидливите грабливци.

Следете го Џереми Вејд  и новата сезона на „Речни чудовишта“ од 24 јули на Дискавери каналот.