ЏОН КЕРИ: Алепо не смее да се соочи со масакр како во Сребреница

Сподели

Американскиот државен секретар Џон Кери предупреди денеска дека во Алепо се заробени десетици илјади цивили и дека тие не смеат да се соочат со масакр како Сребреница.

Кери изрази морален револт поради судбината на сирискиот град, но не понуди нов план за завршување на граѓанската војна.

– Последна работа што некој сака да ја види е дека таа мала област се претворила во втора Сребреница, нагласи тој.

Би-Би-Си претходно во репортажа го спореди сирискиот град со Сребреница во БиХ, констатирајќи дека меѓународната заедница не научила ништо од тој пример.