Димитриевски: Љубчо Георгиевски да го врати македонското државјанство и да се извини на македонскиот народ

Сподели

 

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на својот фб профил, реагираше на предлогот кој го даде поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за тоа како да се реши спорот со Бугарија. Тој напиша:

“Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ.
Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите Македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на Македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот.
 
Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест, под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот Македонски народ.
 
– Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утврди одговорност за ваквиот предлог, кој е противуставен, да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.
 
– Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови.
 
Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како Македонскиот”, – напиша градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.