Димитров до ЕУ: Граѓаните заслужуваат да знаат доколку нема консензус за европската иднина на Западен Балкан

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров упати серија пораки на својот твитер профил, до лидерите на ЕУ околу одлуката за отпочнувањето на пристапните преговори на С.Македонија во ЕУ

„Најмалку што Европската унија му должи на регионот е да биде директна со нас. Доколку веќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако ветувањето од самитот во Солун 2003 не е веќе валидно, граѓаните заслужуваат да го знаат тоа. Благодарност до сите лидери кои се бореа напорно за ЕУ да отвори пристпни преговори, признавајќи ги постигнувањето на историскиот Преспански договор, поттикнувањето на домашните реформи и поддржување на европскиот наратив во Северна Македонија, земја-кандидат веќе 14 години. Додека чекаме обновен консензус, мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома“, напиша Димитров на Твитер.