Димитров: Помислата дека Груевски ќе бара спас од земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта

Сподели

Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година.

Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме телефонските разговори кои беа објавени во 2015 година, а кои индицираат огромни злоупотреби на функциите, изборни измами и корупција. Помислата дека авторитaрен владетел кој оставил зад себе такво наследство, а сега осуденик, од земја кандидат за членство во ЕУ ќе бара спас од раката на правдата во земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта. Да не го заборавиме и податокот дека, како поранешен премиер, тој исто така користеше и полициско обезбедување составено од полициски службеници кои самиот ги одбрал, коешто ги прави наводите за постоење закани кон неговата лична безбедност целосно лажни, изјави министерот Никола Димитров